Денешната работна акција за уредување на јавното зеленило ја спроведуваме на бул. Партизански одреди.
Поради потребата од сигурно и безбедно движење на возачите низ сообраќајниците во градот, на потегот од мостот Обединети нации кон Центар вршиме кроење и обликување на украсните грмушки и дрвја во средишното зеленило.
Булеварското зеленило коешто го разубавува просторот претставува и зелен ѕид кој помага да се одржи природната рамнотежа во контекст на зголеменото аерозагадување во урбаните средини.
Share