Средишното булеварско зеленило во општина Ѓорче Петров од денес со нов лик. Екипите на терен со нискостеблести зимзелени садници од видот пирoканта, лоницера, вудворд, смарагд, розенталис, реинголд и беркман го збогатија и разубавеа зеленилото на главниот булевар во Ѓорче Петров.
И дрворедот на бул.Трета македонска бригада го збогативме со млади листопадни садници од видот ликвидамбар, додека пак паркот Градско Депо зад Железничката станица од денес е разубавен со нови јавори.
Денес директорот Реџепи Зухејр заедно со градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети извршија увид на активностите за садење садници кај новоподигнатиот парк кој се наоѓа во близина на општината Сарај. Засадувајќи декоративни зимзелени садници од видот прунус и украсни грмушки од видот фотинија, тие се приклучија во досадувањето на нови садници за хортикултурно уредување на
Во тек е есенската акција на садење и подигање на нови зелени површини во градот Скопје. Денес градоначалничката Данела Арсовска и директорот Зухејр Реџепи го зазеленуваа Чаир и Бутел со нови садници, а досега засадени се неколку стотини садници во двете општини.
Нови млади садници од видот ацер засадија денес теренските екипи, дополнувајќи го дрворедот во паркот Ибни Пајко.
Денес теренските екипи ги уредија пешачките патеки во Рајски парк, со окопување и отстранување на дивите израстоци. Нашите екипи заедно со директорот Зухејр Реџепи засадија млади магнолии и јапонски цреши, кои ќе го красат просторот зад ТЦ Мавровка на ул.Стив Наумов.
На местото на сувите пенушки, со засадување на 34 нови садници го дополнивме постоечкиот дрворед од костени, по кои е препознатлива оваа скопска улица. На овој начин ги негуваме и се грижиме и за традиционални обележја на Скoпје.
Улицата Втора Македонска Бригада ја збогатуваме со нови зимзелени садници, како дел од есенската акција на садење низ зелените површини во градот.
Денес директорот Зухејр Реџепи направи увид во aктивностите на терен и се приклучи во садењето на новите садници од видот костен на ул. Франклин Рузвелт. Напролет овие садници ќе зазеленат и ќе ја покажат својата убавина, на задоволство на локалните жители.
Со иста динамика оваа недела продолжуваме со тековните активности на одржување на зеленилото на јавните зелени површини. На средишната жардиниера на бул. Александар Македонски теренските екипи вршат косење, кроење и средување на зеленилото.