Работната недела ја започнуваме со акција за косење на страничното зеленилото на Јадранска магистрала (Качаначки пат) на излез од градот.
Теренските екипи од повеќе реони ја косат нискостеблената вегетација покрај патот за поголема прегледност и безбедност на возачите во сообраќајот.
Акцијата ќе се одвива и наредните денови, сѐ до расчистување на потегот согласно планираните активности.
Share