Денеска вршиме машинско косење на тревните површини низ јавното зеленило во општина Аеродром.
Реонските екипи со косилица и тример ја косат тревата на средишното зеленило по должината на булеварот Јане Сандански како дел од редовните задачи предвидени со денешниот план за работа.
Булеварското зеленило со својата структура и распространетост низ сообраќајниците во градот во летниот период бара зголемена ангажираност на екипите на терен за негова заштита и одржување.
Share