Деновиве нашите екипи извршија целосна реконструкција на дел од поставената парковска опрема на локалитетот Кањон Матка.
Металната конструкција од комплетот на парковски маси и клупи ја бојадисавме и ги заменивме со нови старите и оштетени делови на дрвените елементи.
Составен дел на парковите и парк-шумите е парковската урбана опрема, која како место за починка и одмор овозможува уживање во зеленилото и во природата.
Да бидеме совесни, да ја чуваме животната средина!
Share