Покрај секојдневното и редовно одржување на зеленилото во Градскиот парк, нашите теренски екипи денес извршија рачно полевање на садници и собирање на лисја.
Секако во зацртаните активности за одржување на паркот ги издвојуваме и континуираното косење на тревната површина, собирањето откос, кроење на нискостеблестата вегетација и дрвја.
А особено пролетното и есенското уредување на цветните рундели и леите, како и збогатувањето со нови садници даваат посебна свежина на целиот парковски простор.
Нашите активности продолжуваат во насока за уредени и одржливи зелени површини во градот.
Share