Особена радост ни претставува кога ќе видиме дека маалските зелени катчиња се користат за настава во природа. Парковите како овој, во населба Карпош 4, нудат безбедно место за игра, социјална интеракција, место за истражување и забава и се суштински за физичкиот и ментален развој на децата. Се надеваме дека оваа слика ќе биде инспирација и
Во координација со Град Скопје денес екипите на ЈП Паркови и зеленило заедно со екипите на ЈП Комунална хигиена и ЈП Водовод и канализација извршија здружена акција за чистење и уредување на кејот на Вардар, од двете страни на течението. Се изврши косење, кастрење на дивоизрасната вегетација, собирање на откос и отпадоци, а увид на
Главните активности во денешниот распоред на теренските екипи и понатаму остануваат косење на тревната површина, собирање на лисја, откос и отпадоци низ зеленилото кај кружниот тек во Автокоманда и паркот Скулптура. Редовното одржување на зеленилото е од исклучително значење и секојдневно работиме во исполнување на таа задача, со цел уредени зелени површини низ сите делови
Започнавме со интензивно уредување на зелените површини покрај булеварите на трасата на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи во недела на први октомври. Во рамки на нашите надлежности се трудиме да придонесеме за успешна реализација на оваа традиционална маратонска трка и градот Скопје да се претстави како домаќин во достојно светло. #WizzAirSkopjeMaraton2023
Во населба Драчево, во Паркот на бранителите, денес теренските екипи извршија: - косење - поткастрување на нискостеблеста вегетација и суви гранки - собирање откос, смет и отпадоци Ова се воедно и главните септемвриски активности кои екипите секојдневно ги извршуваат, со цел чисти и уредни зелени површини низ градот.
Прекрасен ден! Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност денес голем дел од вработените заедно со директорот Сефи Шабани го прифатија со задоволство предизвикот да дојдат на работа со велосипед, тротинет или пешки. На овој Светски ден без автомобили директорот со своите колеги направи кратка обиколка и увид на работата на терен со
За миг помисливме дека е пролет денес кога ги посетивме теренските екипи во Мега паркот Даме Груев, во близина на Лепенец. Оваа нова прекрасна површина која долги години беше депонија нѐ пречека со својот необичен сјај, а нашите екипи се секако заслужни за тоа со нивното секојдневно одржување и грижа.
Чисто и уредено зеленило во општина Чаир! Теренските екипи од реонски пункт Чаир периодов извршија: -  косење на тревните површини -  поткастрување на нискостеблестите растенија -  полевање -  собирање и утовар на откос, смет и отпадоци Зелените катчиња во градот нудат релаксација и оддишка, а го зголемуваат и севкупниот добробит за граѓаните.
Нови садници го збогатија зеленилото покрај улица Јордан Мијалков! Денес теренските екипи засадија нови садници од видот acer campestre и photinia, на улицата Јордан Мијалков, во центарот на градот. Во активностите се приклучи и директорот Сефи Шабани заокружувајќи го севкупниот тек на реализирање на денешната акција за садење. Дрвјата во урбаните средини играат важна улога
Уредено зеленилото на плоштад Филип II, во центарот на Скопје. Со сезонското разубавување на зеленилото ги опфативме и жардиниерите на плоштад Филип II, сега веќе збогатени со цвеќе од видот бегонија, и садници од видот фотинија, буксус и пицеа коника. Директорот Сефи Шабани направи посета на оваа локација и ја поддржа добрата работа на теренските