Прекрасен ден!
Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност денес голем дел од вработените заедно со директорот Сефи Шабани го прифатија со задоволство предизвикот да дојдат на работа со велосипед, тротинет или пешки. На овој Светски ден без автомобили директорот со своите колеги направи кратка обиколка и увид на работата на терен со својот велосипед и ги поздрави работниците.
Придобивките од користење на алтернативни превозни средства се повеќе од јасни и се надеваме дека ќе бидат сѐ повеќе употребувани.
Share