Во координација со Град Скопје денес екипите на ЈП Паркови и зеленило заедно со екипите на ЈП Комунална хигиена и ЈП Водовод и канализација извршија здружена акција за чистење и уредување на кејот на Вардар, од двете страни на течението. Се изврши косење, кастрење на дивоизрасната вегетација, собирање на откос и отпадоци, а увид на теренот направи и директорот Сефи Шабани. Акцијата ќе продолжи сѐ додека комплетно не се заврши уредувањето на кејот и минор коритото на Вардар.

Share