Започнавме со интензивно уредување на зелените површини покрај булеварите на трасата на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи во недела на први октомври.
Во рамки на нашите надлежности се трудиме да придонесеме за успешна реализација на оваа традиционална маратонска трка и градот Скопје да се претстави како домаќин во достојно светло.
Share