Уредувањето и одржувањето на јавното зеленило во градот не секогаш е само одговорност, туку и многу повеќе од тоа. Директорот Сефи Шабани заедно со раководниот тим на претпријатието се увери во предизвиците со кои се соочуваат теренските екипи при реализирање на работните задачи, следејќи го текот на активностите на кроење на дрвјата на улица Јордан
Покрај секојдневното и редовно одржување на зеленилото во Градскиот парк, нашите теренски екипи денес извршија рачно полевање на садници и собирање на лисја. Секако во зацртаните активности за одржување на паркот ги издвојуваме и континуираното косење на тревната површина, собирањето откос, кроење на нискостеблестата вегетација и дрвја. А особено пролетното и есенското уредување на цветните
Продолжува уредувањето на зелените површини низ градот! Косењето на тревните површини периодов е континуирана активност на нашите теренски екипи. Нашите екипи деновиве со соодветна механизација извршија косење на зелениот коридор на улица Есенинова, во општина Кисела Вода, но не изостанаа и кружните текови низ општината, како и зеленилото покрај улиците и булеварите.
Комплетно уредување на зеленилото во центарот на градот Со активности на кроење и обликување на нискостеблестите растенија, косење и собирање на отпадоците, денес екипите вршат темелно уредување на зеленилото. Опфатени се следните локации: - булевар Крсте Петков Мисирков, - околината на платото пред МКЦ - по должината на кејот на Вардар во овој дел. Септември
Наш особен приоритет во работата е редовното одржување и уредување на зеленилото покрај главните булевари во градот. Токму тоа се и денешните активности на екипите - уредување на зеленило на средишните жардиниери помеѓу булевар Јане Сандански и булевар Кузман Јосифовски Питу, сѐ со цел поголема прегледност, видливост и безбедност на возачите и сите учесници во