Со активности на кроење и обликување на нискостеблестите растенија, косење и собирање на отпадоците, денес екипите вршат темелно уредување на зеленилото. Опфатени се следните локации:
– булевар Крсте Петков Мисирков,
– околината на платото пред МКЦ
– по должината на кејот на Вардар во овој дел.
Септември е идеален месец за ваквиот тип на генерално расчистување и уредување на зеленилото и јавните површини. Може да ни се придружите и вие, посветувајќи малку внимание на дворчињата или зеленилото околу зградата. Сите активности поврзани со природата делуваат релаксирачки на човекот и го облагородуваат просторот, но и душата.