Страничното зеленило на булевар 8 ми Септември го дополнивме со нови садници од видовите viburnum tinus, photinia sp.,taxus baccata и lonicera nitida. Праволиниски распоредени тие комплетно се надоврзуваат со другото зеленило на овој дел од зелениот коридор.
Денес го косиме зеленилото во реон Кале.
Пролетното уредување низ зеленило во градот го дополнивме со садење на нови садници од видовите juniperus horizontalis, juniperus retinospora, thuja berkman, euonimus em. gold, photinia spp, buxus sempervirens. Во жардиниерите од левата страна под Камениот мост новите садници даваат свеж лик на овој дел во центарот на градот.
Работната недела ја започнуваме со косење на тревната површина, собирање откос и отпадоци и чистење на патеки низ зеленилото на кејот на Вардар. На потег од спортската сала Јане Сандански сѐ до мостот во населбата Ново Лисиче по левото течение, уредувањето ќе се одвива етапно во наредните денови.
Периодов посветено работиме на уредување на зеленилото кај кружниот тек и паркот Скулптура во населбата Железара. Активностите ќе се одвиваат и наредните денови, продолжувајќи со уредување и на останатото зеленило во овој дел од градот.
Од денешните пролетни активности во Центар, го издвојуваме кроењето на зеленилото на средишната жардиниера на булевар К. П. Мисирков.
Денес, во рамките на заедничката континуирана соработка со Стопанска банка АД - Скопје спроведовме активност на садење садници. Со зимзелени садници го уредивме зелениот простор во Луна Паркот и ја дополнивме вегетацијата во Ботаничката градина. Продолжуваме и понатаму да ги реализираме активностите од проектот #ЗеленЅид за зазеленување на градот, при што досега засадивме голем број
Сезонските активности на одржување на вегетацијата и зеленилото ги спроведуваме во континуитет. Работната недела ја започнавме со кроење и оформување на крошните на дрвјата на улица Петар Манџуков и Никола Вапцаров.
Периодов низ градов доста впечатливи и лесно забележливи се овие жолти цветови, познати уште како зимски јасмин (Jasminum nudiflorum). Една од карактеристиките на зимскиот јасмин е што цвета во зимските месеци, додавајќи боја на зимските пејзажи. Тој е познат по својата цврстина и способност да издржи пониски температури. Често се користи во уредувањето за да
Продолжуваме со пролетните активности на одржувањето на зелените површини косејќи го зеленилото кај кружниот тек и улицата Ферид Мурати во населбата Топанско Поле.