Продолжува акцијата за одржување на зелените површини во Чаир. Нашите екипи, во соработка со Општина Чаир, и денес продолжуваат со работа на терен за чистење на зелените површини на повеќе локации во Чаир. Процесот директно го координира директорот Муамер Сефери, кој е присутен на терен и одблиску го следи реализирањето на активностите. Овој ангажман е

Денес теренските служби од оперативните сектори започнаа со спроведување на акцијата за чистење на зелените површини во населбата Топанско Поле. Се извршуваат активности на кастрење на високата вегетација, собирање лисја, хартиен отпад, пет амбалажа и слично и се врши нивно товарење и изнесување со камиони. Акцијата ќе продолжи и наредните денови низ зеленилото на општина

Муамер Сефери е назначен на позицијата в.д. директор на ЈП Паркови и зеленило - Скопје. На новиот директор му посакуваме успех во работата и успешна реализација на нови идеи и проекти за подобрување на квалитетот на животната средина во нашиот град во интерес на сите граѓани.

Денес оперативните служби од сите реони во градот спроведуваат акција за чистење на зелените површини, опфаќајќи го кејот, плоштад Македонија и поширокото централно подрачје.  

Новите зимзелени садници даваат свежина на просторот каде денес нашите екипи ги засадија во жардиниерите на главниот плоштад во центарот на градот. Покрај ова хортикултурно уредување, тековно извршивме и собирање на лисја, хартија и отпадоци низ повеќе делови на зелените површини во Центар со товарање на собраната маса во камион на кејот на Вардар, плоштадот
Денес теренските екипи вршат акција за собирање и товарење суви гранки и лисја долж страничното зеленило на сиот булевар Партизански Одреди. Благодарност до Општина Карпош за обезбедената механизација која што беше потребна за успешно да се изврши оваа акција.
Денес екипи од повеќе реони отпочнаа акција на уредување на зеленилото на булевар Борис Трајковски. Теренските екипи заедно со екипи од ЈП Комунална хигена во соработка со општина Кисела Вода извршија активности на чистење и средување на јавните површини на овој дел од општината. На посочената локација нашите екипи извршија косење на тревната површина, кастрење
Во рамки на своите редовни активности оперативните екипи од секторот Дрвореди се секојдневно на терен реализирајќи Решенија издадени од Сектор за комунални работи на Град Скопје. Денес со максимална ангажираност започнаа со спроведување активности на кастрење и подигање на крошни на дрвја во општина Аеродром со што се овозможува непречено движење на пешаците и велосипедистите
По најавата од УХМР за доцните вечерни часови како и во текот на утрешниот ден, на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, каде ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер, ги информираме граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, со цел да се избегнат несакани последици. Доколку забележите