Нови моторни дувалки, тримери, машини за кроење, моторни пили големи, моторни пили мали и телескопски пили се дел од новата механизација на претпријатието. Новата опрема е предвидена со цел спроведување и реализирање на утврдената Програма за работа, како и поголема успешност и ефикасност во извршување на секојдневните работни задачи.
И денес косење на тревните површини останува главна активност на нашите теренски екипи реализирајќи го низ реонските делови на парковското и булеварско зеленило.
Екипите од сектор Подигнување зеленило тековно продолжуваат со уредување на новите зелени површини, од десната страна на кејот на Вардар, во општините Аеродром и Карпош.
Носталгичниот и современ „Лотос“ копија на Градскиот парк
Денес екипите од сектор Дрвореди по издадено решение од страна на Секторот за комунални работи на Град Скопје, вршат кроење на осум дрвја на улица Трета македонска бригада, во општина Аеродром.
На 11 март 2025 година  во просториите на Синдикалната организација на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје  во присуство на претседателот, членови на Извршниот одбор и членови на организацијата и оваа година традиционално беа доделени подароци на вработени со исполнети 25 години работен стаж и лица кои изминатата година оствариле право на пензионирање. По таа
Избран нов претседател и Извршен одбор на Синдикатот на ЈП Паркови и зеленило   На седницата одржана на 23.01.2025 година беше избран  нов претседател и Извршниот одбор на Синдикалната организација при ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. За претседател на Извршниот одбор е избран Заим Исмаили кој доаѓа од Флораком ДООЕЛ, додека за членови на
На неколу локации нашите екипи започнаа со машинско косење на тревните површини. Со денешниот план се коси тревната површина на страничното зеленило на улиците Франклин Рузвелт и Самоилова, во Центар, на булеварот Кузман Јосифовсли Питу и дел од зеленилото во вториот дел на Градскиот парк.
На терен нашите екипи продолжуваат со собирање и чистење на лисја и хартија од тревните површини на локации во реоните Јане Сандански, Аеродром, Топанско поле, Карпош, Чаир, Бутел и Градскиот парк, а пак кроење на грмушки за денес екипите спроведоа долж зеленилото на булеварите Александар Македонски и АСНОМ како и во Рајскиот парк.