Денес се работеше на уредување на зеленилото во Општина Чаир. Директорот Јетон Буќи заедно со менаџерскиот тим на претпријатието беа на терен одблиску да ги следат работите што се одвиваат во одржување и уредување на зелените површини и грижата за чиста и зелена општина.
Со нови садници од видот каталпа го уредуваме парковското зеленило во Рајски парк.
Припрема за есенско садење на млади садници во Рајски парк, населба Ново Лисиче.
Традиционално го одбележавме месецот на борбата против ракот на дојка. Денес директорот Јетон Бучи заедно со претставнички од здружението Езра и тимот на претпријатието засадија хризантеми оформувајќи ја цветната панделка во Градскиот парк, место кое секогаш не потсетува на Розовиот месец. Симболично давајќи поддршка на борбата на жените кои се справуваат со оваа болест, розовите
Со интензивни активности се одвиваат градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош. На површина од 86.000 метри квадратни се уредува и чисти запуштениот простор, кои долги години е неуредна површина. Во паркот покрај новата тревна површина, дрвјата и садниците, предвидена е изградба на пешачки патеки и паркинг за посетителите, нова урбана опрема и паркови
Есенски цветен расад, од видот хризантема, почна да го разубавува зеленилото во парк Македонија - Капиштец, Центар и Топанско поле.
Лавандата (Lavandula) е популарна билка позната по својата убавина, мирис и има многу потенцијални придобивки кога се вклучува во урбаното зеленило. Живописните виолетово-сини цветови на лавандата додаваат боја на градските зелени површини, што визуелно ги прави попривлечни. Позната по својот сладок, природен, свеж и смирувачки мирис, ова растение може да создаде релаксирачка и смирувачка атмосфера
Навистина прекрасно изгледа зеленилото во паркот во населбата Топанско Поле, што е резултат на грижата и работата на теренските екипи изминативе денови.
Во тек е проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на река Вардар, која се одвива во повеќе фази со цел уредување на мултифункционален јавен простор со ново зеленило. Со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар од мост Генерал Михајло Апостолски до мостот Близнак, во должина од
Денес со машинско косење на тревната површина теренските екипи започнаа уредување на страничното зеленило и жардиниера долж булеварот Александар Македонски. На потег од мостот во населбата Маџари, сѐ до регионалниот пат Скопје - Велес на излез од градот се коси тревната површина и дивоникната нискостеблеста вегетација, со цел овозможување на поголема прегледност и безбедност на