Координирано и тимски – нашите екипи, заедно со работниците од останатите јавни претпријатија, се дел од големата акција за чистење на градот во организација на Град Скопје. Почнувајќи од вечерните часови со интензивни активности се извршува собирање лисја, хартија и отпадоци, чистење на садовите за одлагање на отпад низ зеленилото парковите, пешачките патеки и паркиралишта на повеќе локации низ градските површини.