По повод денешниот ден кога точно пред 60 години во пет часот и седумнаесет минути градот Скопје доживеа катастрофален земјотрес, ден кој остави длабоки траги за жителите и духот на градот, со голема почит и во знак на сеќавање ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје оформи нова цветна површина уредена со сезонски цветен расад отсликувајќи
Нашата заложба за уредени зелени површини и паркови секојдневно ја спроведуваме со тековните активности на екипите низ реоните во сите скопски општини. Од денешниот план од теренските екипи го издвојуваме кроењето на дрвја и грмушки низ зеленилото во Паркот на бранители и преостанатото зеленило во реон Драчево. Со редовното поткастрување и оформување на крошните на
Континуирано и секојдневно теренските екипи ги реализираат активностите за уредување на зеленилото во грижата на севкупните површини низ градот. Во тој дел деновиве екипите го реализираа и оплеменувањето на цветната површина со сезонскиот тагетес на зеленилото на кружниот тек во општина Кисела Вода. Жолтата нијанса на цветот разиграно се проткајува низ зеленилото давајќи целина на
Исклучително високите температури клучно влијаат врз сите активности кои екипите секојдневно ги превземаат во редовното одржување на зелените површини. Според тоа, од вчера 22:00ч. до 6:00ч. утрово теренските екипи во сите реони низ градското зеленило започнаа со ноќно полевање на зелените површини низ градот. Оваа активност ќе се спроведува и во наредниот период, согласно предвидениот
Поради екстремно високите температури согласно препораките, екипите денешните активности ги започнаа уште во раните утрински часови, каде на повеќе локации низ градското зеленило извршија косење на трева и собирање на откос. Косењето на тревата го подобрува безбедносниот аспект на парковите. Поткастрената трева овозможува подобра видливост и ги намалува потенцијалните опасности за посетителите на зелените површини
Во летниот период, особено во урбаните средени, од голема важност е редовното одржување на тревните површини, а и на целата вегетација. Токму тоа е приоритет на екипите од реон Карпош, каде што денес извршија кроење на грмушки и уредување на зеленилото на булевар Илинден.
Периодов нашите екипи интензивно работат на терен засадувајќи го летниот расад, косејќи ги и полевајќи ги јавните зелени површини, како и расчистувајќи го зеленилото од откос и секаков вид на отпадоци. Директорот Сефи Шабани денеска направи увид на состојбата и текот на активностите низ зеленилото. Новиот расад од видовите: тагетес, агератум, бегонија, целозија, колеус, цинија
Високите температури кои периодов го зафатија скопското подрачје носат зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор, поради што апелираме до сите граѓани на зголемена будност и мобилност. Со цел да се спречат несакани последици апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не
Како составен дел на денешните активности согласно предвидениот план за работа, екипите од реонот Ѓорче Петров извршија косење на тревните површини и собирање откос на улица 4ти Јули, кроење грмушки на улица Васил Чекаларов како и собирање на хартија и отпадоци на останатиот дел од зеленилото на посочениот реон.
Косењето и понатаму останува приоритетна и редовна активност на нашите екипи, кое денес го реализираа на дел од ширините на коритото на кеј на р.Вардар во реонот Центар. Ова се дел од редовните работни задачи согласно Годишната програма за подигање и одржување на зеленилото на подрачјето на Град Скопје.