Во летното украсување на градот со сезонски цветен расад ги уредивме и цветните површини низ општина Бутел. Теренските екипи изминативе денови со цвеќе од видот бегонија, каранфилче и агератум ги разубавеа цветните фигури и леи на булеварското зеленило кај кружниот тек во реон Бутел. Покрај активностите на садење цвеќе, се извршија и редовните активности за
Дел од денешните планирани активности е косењето на средишното зеленило на бул. Јане Сандански и Александар Македонски. Ова зеленило е со зголемен интензитет на одржување и редовното косење на тревата и одржување на вегатацијата е приоритетно, особено во овој период од годината.
В.Д. Директорот Сефи Шабани направи увид на состојбата и оперативните активности на објектите на терен, кои ги изведува секторот Подигање на зеленило, по налог на Град Скопје. Зазеленувањето на нови површини е нашата зложба која заедно со Град Скопје најстојуваме да ја реализираме преку предвидените проекти на повеќе локации низ градското зеленило. Дел од нив
Освен што редовното косење на тревата го подобрува визуелниот изглед на парковите и создава убава атмосфера за посетителите, косењето исто така го стимулира растот и регенерацијата. По косењето, тревата има можност за подобра апсорпција на сончевата светлина, што ја подобрува фотосинтезата и растителниот раст. Ова помага во одржување и проширување на тревната површина во паркот.
За поголема прегледност и безбедност во сообраќајот ги кастриме надвиснатите гранки на дрвјата долж ул. Васил Чекаларов, по издадено Решение од страна на Секторот за комунални работи на Град Скопје.
Во паркот Македонија, кој плени со шареноликиот колорит на цвеќињата во леите и цветните фигури, може да поминете прекрасни мигови на релаксација!
Оваа работна недела ја започнавме со косење на зеленилото на бул.Александар Македонски во Автокоманда. Теренските екипи со соодветна механизација го уредуваат зеленилото како на средната лента, така и од двете страни на булеварот, на излезот од Скопје. *
Покрај естетиката, хортикултурната структура на булеварското зеленило низ сообраќајниот крвоток е од особено значење против аерозагадувањето во урбаните средини на градот.
Салвија, импатијанс, тагетес, бегонија и агератум се цвеќињата со кои што нашите теренски екипи ги разубавеа цветните форми и леи низ градот.
Косењето на тревните површини е сѐ уште актуелна активност на екипите низ сите реони во градот.