Покрај секојдневното и редовно одржување на зеленилото во Градскиот парк, нашите теренски екипи денес извршија рачно полевање на садници и собирање на лисја. Секако во зацртаните активности за одржување на паркот ги издвојуваме и континуираното косење на тревната површина, собирањето откос, кроење на нискостеблестата вегетација и дрвја. А особено пролетното и есенското уредување на цветните
Продолжува уредувањето на зелените површини низ градот! Косењето на тревните површини периодов е континуирана активност на нашите теренски екипи. Нашите екипи деновиве со соодветна механизација извршија косење на зелениот коридор на улица Есенинова, во општина Кисела Вода, но не изостанаа и кружните текови низ општината, како и зеленилото покрај улиците и булеварите.
Комплетно уредување на зеленилото во центарот на градот Со активности на кроење и обликување на нискостеблестите растенија, косење и собирање на отпадоците, денес екипите вршат темелно уредување на зеленилото. Опфатени се следните локации: - булевар Крсте Петков Мисирков, - околината на платото пред МКЦ - по должината на кејот на Вардар во овој дел. Септември
Наш особен приоритет во работата е редовното одржување и уредување на зеленилото покрај главните булевари во градот. Токму тоа се и денешните активности на екипите - уредување на зеленило на средишните жардиниери помеѓу булевар Јане Сандански и булевар Кузман Јосифовски Питу, сѐ со цел поголема прегледност, видливост и безбедност на возачите и сите учесници во
Деновиве нашите екипи извршија целосна реконструкција на дел од поставената парковска опрема на локалитетот Кањон Матка. Металната конструкција од комплетот на парковски маси и клупи ја бојадисавме и ги заменивме со нови старите и оштетени делови на дрвените елементи. Составен дел на парковите и парк-шумите е парковската урбана опрема, која како место за починка и
Денешната работна акција за уредување на јавното зеленило ја спроведуваме на бул. Партизански одреди. Поради потребата од сигурно и безбедно движење на возачите низ сообраќајниците во градот, на потегот од мостот Обединети нации кон Центар вршиме кроење и обликување на украсните грмушки и дрвја во средишното зеленило. Булеварското зеленило коешто го разубавува просторот претставува и
Денеска започнавме акција за чистење и уредување на зеленилото на бул. М. Т. Гологанов. Реонски организирано, по должина на средишното и странично зеленило на булеварот, вршиме косење на трева, собирање откос, отстранување на дивоизрасната вегетација, собирање на хартија и отпадоци и утовар во камион. Оперативните работни задачи се одвиваат етапно според планираните приоритети и истите
Кроење на суви и надвиснати гранки над велосипедските и пешачките патеки. Нашите екипи деновиве го уредуваат булеварското зеленилото на повеќе локации низ општина Карпош. Со цел зголемена прегледност и безбедност на минувачите денес се кастрат и се обликуваат крошните на дрвјата по должина на ул.Никола Парапунов.
Видливо се забележува новото хортикултурно уредување кое деновиве го вршиме по должина на целата средишна жардиниера на булевар Илинден, како и на делови од страничното зеленило. Вака украсено зеленилото, веќе дава поинаква слика на картата на зелениот колаж на градот.
Една од површините на кои периодов работиме по налог на Град Скопје е хортикултурно уредување на зелен плоштад - Касарна Илинден Универзитет Мајка Тереза. Обиколка на површината и увид во текот на работните активности направи директорот Сефи Шабани заедно со дел од раководниот тим на претпријатието. Интервенциите ги извршуваме етапно со прекопување на површината, пренос