ЈП Паркови и зеленило ги демантира дезинформациите објавени во вчерашниот прилог на интернет порталот Независен весник и Слободен печат со наслов „Советниците на Град Скопје не дозволија 700 вработувања во јавните претпријатија догодина„ и „Работат со загуби, а бараат вработувања: Советниците не дозволија нови луѓе во јавните претпријатија во 2024 година“ каде цитирајќи ја тенденциозната дискусија на советникот Малиша Станковиќ сериозно се наштетува на угледот на јавното претпријатие.
ЈП Паркови и зеленило има потреба од нови вработувања само за работни места на лица на кои им прекинува работниот однос по основ на пензионирање заклучно со 31.10.2023 година. Потребата од нови времени вработувања се однесува на вработување на општи работници за работа на терен поради зголемениот обем на работа на територијата на целиот град. Токму поради зголемениот обем на работа претпријатието има ангажирано невработени лица за вршење на јавни работи согласно Одлуката за давање согласност на Програмата за дополнителни активности на ЈП Паркови изеленило-Скопје, во делот на одржување на јавни зелени површини на подрачјето на град Скопје за 2023 година бр.27-1995/1 од 23.02.2023 година донесена од Советот на Град Скопје.
Ве молиме да го објавите нашиот демант во врска со пренесувањето од Ваша страна на тенденциозната и невистинита дискусија на советникот Малиша Станковиќ.
Со почит,
ВД директор
Сефи Шабани