ЈП Паркови и зеленило ги демантира дезинформациите објавени во вчерашниот прилог на интернет порталот Независен весник  и Слободен печат со наслов  „Советниците на Град Скопје не дозволија 700 вработувања во јавните претпријатија догодина„ и „Работат со загуби, а бараат вработувања: Советниците не дозволија нови луѓе во јавните претпријатија во 2024 година“ каде цитирајќи ја тенденциозната
Денешните редовни активности за уредување на зеленилото во Градскиот парк ги реализиравме заедно со дел од колегите и колешките од администрацијата. Директорот Сефи Шабани направи обиколка низ паркот, поздравувајќи ги екипите на терен, истакнувајќи дека здружено може значително повеќе да се придонесе во одржливоста на природата и зеленилото.
Thuja sp.,prunus и leylandii се новите садници кои нашите екипи денеска ги засадија на средишното зеленило на булеварот Партизански одреди во општина Карпош. Есенското садење дрвја го спроведуваме етапно, а опфатено е уредување низ сите зелените делови на градските булевари, паркови и јавни површини.
Денес со задоволство реализиравме уште една акција со претставници на АД Стопанска банка и Арбина Черими од манаџерскиот тим на претпријатието, садејќи дрвја на новото зеленило на булевар АСНОМ во општина Аеродром. Со 150 нови зимзелени дрвја го збогативме булеварското зеленилото, притоа уредувајќи нова зелена површина за граѓаните. Со активностите на садење, заеднички го заокруживме
ЈП Паркови и зеленило, во врска со дезинформациите и невистините објавени во денешниот прилог на интернет порталот „Makfax“ со наслов „Георгиевска: На Партизанска се сечат дрвја без решение, по наредба на Данела Арсовска“, кои се засноваат на пишувања од социјалните медиуми, без да се провери вистинитоста на информациите, со што сериозно се наштетува на Градот
На булевар Партизански одреди екипите го уредија зеленилото садејќи 100 садници од видот prunus. Формирајќи зелена ограда, садниците целосно се надополнуваат низ дрворедот на средишното зеленило на самиот булевар. Активностите на есенско садење низ градското зеленило и понатаму остануваат секојдневен приоритет на теренските екипи.
Со 400 украсни грмушки од видот lonicera го збогативме средишното зеленило на бул. Гоце Делчев, на потегот од раскрсницата кај Судот до подвозникот на истиот булевар. Додека пак на булевар Крсте Петков Мисирков кај МАНУ засадивме 150 садници од видот festuca, каде што утре теренските екипи ќе продолжат со садење на lonicera.
Со цвеќе од видот хризантема нашите теренските екипи ги облагородуваат жардиниерите од двете страни на Камени мост, на плоштад Македонија. Хризантемите цветаат во текот на целата есен и нивното присуство во урбаните средини ја нагласува и збогатува есенската атмосфера во градот.
Денес теренските екипи го разубавеа зеленилото на кружниот тек во Топанско Поле и цветната фигура Корпа на ул. Дижонска во општина Чаир. Вибрантните бои на хризантемата од сега нудат уште поголемо уживање и задоволство во очите на сите минувачи и посетители на овие локации.
Денес теренските екипи од реон Рајски парк засадија зимзелени садници од видот thuja smaragd, донирани од компанијата @BritishAmericanTobacco. На оваа општествено одговорна компанија и благодариме за соработката, и посакуваме настани од ваков тип да се случуваат што почесто. Потоа, екипите од Рајски парк продолжија со засадување на есенски цветен расад од видот хризантема, која со