Љубичица (Viola) е род од истоимената фамилија Violaceae. Навидум нежна, истата всушност е позната по својата голема толеранција и отпорност на многу ниски температури. Со своите тенки и нежни ливчиња претставува прекрасна зимска декорација. Боите на цветовите се разликуваат од виолетова, до разни нијанси на сина, жолта, а ги има и во бела боја. Интензивно
Нашите екипи денеска извршија чистење и собирање на паднати лисја на страничното зеленило на булевар Илинден и улица Љубљанска во општина Карпош. Собраната лисна маса од овие локации е отстранета со камион. Тековна активност на теренските екипи низ сите реони и понатаму останува собирање и изнесување на паднатите лисја низ јавните површини во градот.
Со за Скопје Со сезонска љубичица (viola) и декоративна зелка ( brassica) денес теренските екипи отпочнаа со уредување на цветната форма на страничното зеленило на булеварот Александар Македонски.
Лажните вести и манипулациите со политичка агенда и малициозни намери се појава против која треба да се бориме како општество, почитувајќи ги притоа меѓународните конвенции за заштита на слободата на говорот, но и меѓународните конвенции за борба против говорот на омраза. ЈП „Паркови и Зеленило“ ја поздравува и поддржува намерата на Амбасадата на Кралството на
Собирање на паднати лисја, чистење на зелените површини и уредување со сезонски расад се работните активности кои периодов посветено ги извршуваат одговорните екипи од реонот Кале.
Садење на сезонскиот расад го продолжуваме низ останатите цветни површини, каде денес започнавме со садење на љубичица (viola) во жолта боја, уредувајќи ја цветната форма Знаме на страничното зеленило на булевар Александар Македонски. Уредувањето ќе се дополни со садење на црвена љубичица (viola), чии цветови ќе ја отсликаат контурата на цветната леа.
Јавното претпријатие Паркови и зеленило и директорот Сефи Шабани на албанската заедница им го честитаат 22 Ноември - Денот на Албанската азбука. Јазикот и писмото се национална идентификација на еден народ, и преставуваат мостови до другите традиции, култури и духовни наследстава. Честитки за годишнината на албанските букви, честитки за ноемвриските празници.
Со задоволство ја прифативме иницијативата на еко - активистите од компанијата Моја фирма, за садење садници. Во присуство на директорот Сефи Шабани, претставници од Град Скопје и од општествено одговорната компанија денес се засадија 100 нови дрвја од видот acer platanoides збогатувајќи го зеленилото во мега паркот Даме Груев кај Лепенец. Преку ваквите акции на
Од денешните активности го издвојуваме уредувањето на зеленилото по десното течение на кејот на реката Вардар, на потег од мостот Беласица до мостот Близнак, во општина Аеродром. Одржување и уредување на јавното зеленило е наша заложба која секојдневно ја спроведуваме за почиста животна средина.
Со ноемвриското садење на садници го опфативме зазеленувањето на средишното зеленило на булевар Партизански одреди. Уникатната туја смарагд (thuja smaragd), декоративната туја ауреа (thuja aurea) и зелено - жолтиот јуниперус (Juniperus sabina Tamariscifolia) се новите садници со кои го дополнивме овој дел од булеварското зеленилото.