Лажните вести и манипулациите со политичка агенда и малициозни намери се појава против која треба да се бориме како општество, почитувајќи ги притоа меѓународните конвенции за заштита на слободата на говорот, но и меѓународните конвенции за борба против говорот на омраза.

ЈП „Паркови и Зеленило“ ја поздравува и поддржува намерата на Амбасадата на Кралството на Велика Британија во борбата токму против лажните вести и говорот на омраза, но би сакале да апелираме до претставниците на Амбасадата на Велика Британија детално и ревносно да проверуваат дали проектите кои тие ги финансираат со средства од даноците на граѓаните на Велика Британија се трошат во вистинска насока.

Имено, во рамки на проектот со кој се проверува транспарентноста на општините, финансираните медиуми се користат со целосно непроверени и неточни информации. Во најголем дел од случаите немаат ниту контактирано со претставниците на ЈП Паркови и зеленила, ниту пак побарале информации од нас пред да објават новинарско „истражување“. Вообичаено се објавуваат „истражувања“ во кои иако поставиле прашање до институциите воопшто не се потрудиле да почекаат да добијат одговор во разумен рок.

На овој начин, овие медиуми и новинари финансирани од парите на даночните обврзници на Кралството Велика Британија се трошат во водење на политичка кампања со цел оцрнување на една од двете жени градоначалнички во Р.Македонија, а доволно е само да се проверат страницата на самото јавно претпријатие и нашите социјални медиуми каде ги објавуваме сите акции за садење, кога веке ниту еден медиум не сака да ги објави тие вести кога се обидуваме со соопштенија да ги споделиме со јавноста.

Воедно ЈП Паркови и зеленило ги демантира дезинформациите објавени во прилогот на интернет порталот „ММС.МК“ со наслов „Ветувањата се претворија во енигма: Дали и каде „никнаа“ илјадниците дрвја што ги најавуваше Арсовска?“. Без да ја провери вистинитоста на информациите порталот ММС.МК со прилогот сериозно му наштетува на ЈП „Паркови и зеленило“. Сакаме да нагласиме дека ЈП „Паркови и зеленило“, покрај останатите надлежности, е надлежно за садење на дрвја и садници во градското зеленило кое е под надлежност на Град Скопје, а екипите на претпријатието спроведуваат акција за засадување на нови дрвја секаде каде во изминатите години биле исечени и отстранети.

Не е точно дека советниците немаат информации, и истите само тераат политика за задоволување на суетите на нивните партиски лидери. Советниците во Град Скопје добиваат редовни извештаи за спроведувањето на активностите на претпријатието и истите треба само да ги прочитаат за да ја имаат информацијата.
За 2022 и 2023 година посадени се повеќе од 1,3 милиони дрвја, садници и цветен расад, што е повеќе од 10 години претходно заедно.

Share