Средната жардиниера на булевар Партизански одреди од денес е збогатена со нови млади садници од видот туја (thuja aurea).
Нашите екипи денеска вршат поткастрување на дрвјата на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов со цел зголемување на безбедноста на сите минувачи. Воедно со поткаструвањето, се овозможува непречено движење на пешаците и велосипедистите по патеките, и се обезбедува поголема прегледност на сообраќајната сигнализација, со што се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Отстранувањето на сувите и
Со интензивното паѓање на лисјата на зелените површини во овој период од годината, нашите екипи ги интензивираа активностите за нивно собирање од тревните површини. Во согласност со временските услови, теренските екипи денеска вршеа утовар на собраната маса во Градскиот парк.
Засадивме нови 1500 коренчиња љубичица (viola) во повеќе бои на цветните површини во паркот Чаир. Низ раскошното зеленило, суптилните цветови на сезонскиот расад даваат посебна убавина на еден од најстарите паркови во градот.
Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje благодариме за соработката.
Со нов цветен расад од видот хризантема (chrysanthemum) денес екипите целосно ја оформија цветната фигура Паун. Разновидните бои на цветовите даваат компактност на парковското зеленило, каде истовремено со засадувањето на новите садници од видот Ловор вишна (prunus laurocerasus) по должина на страничното зеленило ја надополнуваат разиграноста на зеленилото на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов.
Погодните временски услови овозможија теренски екипи денес да го реализираат целосното уредување со нови садници на булевар Киро Глигоров. На средишниот зелен потег засадивме вкупно 350 зимзелени садници од видот thuja occidentalis smaragd кои праволиниски даваат целокупност на булеварското зеленилото.
По должината на целиот булевар Партизански одреди, во средишното зеленило, екипите вршат дополна на садници од видовите: ✔️ thuja woodwardii ✔️ buddleja ✔️ photinia ✔️ berberis ✔️ piracanta ✔️ lonicera ✔️ leylandii
По должина од 825 метри на зелениот коридор на ул. Васко Карангелески во општина Аеродром, на растојание од еден метар, садиме 425 садници од видот thuja smaragd и 400 садници thuja rozentalis. Директорот Сефи Шабани направи увид во активностите и ги поддржа екипите учествувајќи во засадувањето на садниците.