Косење и собирање откос на средишното и странично зеленило на бул.Босна и Херцеговина се дел од денешните активности на екипите од тој реон.
Косење и уредување на средната жардиниера на бул. Партизански Одреди.
За непречено и прегледно одвивање на сообраќајот денес отпочнавме сo кастрење на надвиснатите гранки на дрвјата, долж бул. Партизански одреди, од кај мостот Влајко, долж коловозот, на пешачките и велосипедските патеки. Акцијата се реализира по налог на Град Скопје, а предвидена е да се одвива и наредите денови.
Косење на тревните површини и садење на цвеќе на булевар Александар Македонски се денешните активности на екипите од тој реон.
Голема благодарност и едно големо БРАВО за децата од здружението ,,Dua Ylberin” кои со насмевка и радосни лица заедно со директорот Зухејр Реџепи и раководниот тим засадија цвеќе уредувајќи ја новата цветна леа во Градскиот парк, како симбол за поддршка и разбирање на различноста. Цветните рачиња се вистинско освежување низ зеленилото во паркот, кои ги
Со косење на страничната тревна површина на булевар Х. Т. Карпош во општина Чаир, привршуваме со активностите за оваа работна недела.
Со нови садници од видот хамаципарис елводи ја дополнивме средишната жардиниера и зеленилото на булевар Видое Смилевски Бато, како дел од пролетната акција за садење на садници во градското зеленило.
Наша денешна локација !? Зеленилото на кружниот тек на булевар Македонска војска. Нови садници од видовите: хамаципарис елводи, буксус, лаванда, нандина, берберис и вибурнум засадивме во зеленилото давајќи разноликост и композитна целина на кружниот тек на булеварот.
Страничното зеленило на бул.11 Октомври го збогативме со садници од видот прунус.