Денес со задоволство реализиравме уште една акција со претставници на АД Стопанска банка и Арбина Черими од манаџерскиот тим на претпријатието, садејќи дрвја на новото зеленило на булевар АСНОМ во општина Аеродром.
Со 150 нови зимзелени дрвја го збогативме булеварското зеленилото, притоа уредувајќи нова зелена површина за граѓаните.
Со активностите на садење, заеднички го заокруживме проектот #ЗеленЅид, при што изминатиот период засадивме дрвја на повеќе локации низ Скопје.
Голема благодарност до претставниците на Стопанска банка АД – Скопје за ангажираноста, посветеноста и силната поддршка во зазеленувањето на јавните површини во Скопје.
На заедничко задоволство, соработката ја продолжуваме и во иднина!
Share