Оваа работна недела ја започнуваме со активности на уредување на булеварското зеленило по должина на бул. Гоце Делчев. Директорот Сефи Шабани заедно со директорот на ЈП Улици и патишта Ќамил Ковачи и претставници од други јавни претпријатија направија увид на состојбата на теренот и работата на теренските работници.
Освен поткастрување на надвиснатите гранки, се врши и отстранување на оштетените садници и косење на тревата, со што се подготвува теренот за престојното садење.
Share