Во рамки на есенското раззеленување на градот новите украсни декоративни садници веќе ја даваат комплетната целина на зеленилото на булевар Гоце Делчев во центарот на градот.
Потребата за одржување на булеварското зеленилото за нас претставува приоритет, кој во континуитет го спроведуваме со активности на косење на тревата, кроење на вегетацијата, реконструкција на зеленило како и хортикултурно уредување.
Специфичноста на булеварското зеленило е од посебно значење имајќи ја предвид неговата отпорност во урбаните средини.
Share