Денес теренските екипи ги уредија пешачките патеки во Рајски парк, со окопување и отстранување на дивите израстоци. Нашите екипи заедно со директорот Зухејр Реџепи засадија млади магнолии и јапонски цреши, кои ќе го красат просторот зад ТЦ Мавровка на ул.Стив Наумов.
На местото на сувите пенушки, со засадување на 34 нови садници го дополнивме постоечкиот дрворед од костени, по кои е препознатлива оваа скопска улица. На овој начин ги негуваме и се грижиме и за традиционални обележја на Скoпје.
Улицата Втора Македонска Бригада ја збогатуваме со нови зимзелени садници, како дел од есенската акција на садење низ зелените површини во градот.
Денес директорот Зухејр Реџепи направи увид во aктивностите на терен и се приклучи во садењето на новите садници од видот костен на ул. Франклин Рузвелт. Напролет овие садници ќе зазеленат и ќе ја покажат својата убавина, на задоволство на локалните жители.
Со иста динамика оваа недела продолжуваме со тековните активности на одржување на зеленилото на јавните зелени површини. На средишната жардиниера на бул. Александар Македонски теренските екипи вршат косење, кроење и средување на зеленилото.
Денес ни беше чест и задоволство што учествувавме во регионалната иницијатива „Дрво на пријателството“ која се одржува трета година по ред и во нашата земја, во организација на AirCare - Air Quality & Pollen App со помош на European Fund for the Balkans Во денешната акција која истовремено се одржува во повеќе градови во регионот,
- Продолжуваме со садење садници на средишната жардиниера на бул.Партизански одреди   - Вандализам во парк-шума Гази Баба Искршен и уништен детски реквизит и запален видиковец вчера попладне пронајдоа нашите дежурни екипи во парк-шумата Гази Баба, по што веднаш интервенираа. Апел до сите граѓани - при посетата на излетничките места во градот да се однесуваме
На локација до врвот на Водно, и на патот од с.Нерези кон Средно Водно, ги завршивме двете посматрачници кои се дел од новите парковски елементи, што во соработка со Град Скопје ги реализираме како дел од активностите за парк - шумата.
Почитувани, Дискриминаторскиот однос на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје е недозволив. Во продолжение интегрален текст од моето обраќање на прес-конференцијата во Градот Скопје: – На минатата седница имаше скандал за кој сакав да се осврнам на оваа седница но бидејќи од говорницата не ми беше дозволено да ѝ порачам на Марија
Денес, со дел од менаџментот и претставници од Стопанска банка, зедно со директорот Реџепи Зухејр и претставници од Градот Скопје засадивме 28 дрвја од видот јапонска цреша на зеленилото на ул. Кеј 13 Ноември. Новите млади садници се донација од банката, кои се дел од планираните активности за садење садници на повеќе локации низ зеленилото