Косење на тревните површини и садење на цвеќе на булевар Александар Македонски се денешните активности на екипите од тој реон.
Голема благодарност и едно големо БРАВО за децата од здружението ,,Dua Ylberin” кои со насмевка и радосни лица заедно со директорот Зухејр Реџепи и раководниот тим засадија цвеќе уредувајќи ја новата цветна леа во Градскиот парк, како симбол за поддршка и разбирање на различноста. Цветните рачиња се вистинско освежување низ зеленилото во паркот, кои ги
Со косење на страничната тревна површина на булевар Х. Т. Карпош во општина Чаир, привршуваме со активностите за оваа работна недела.
Со нови садници од видот хамаципарис елводи ја дополнивме средишната жардиниера и зеленилото на булевар Видое Смилевски Бато, како дел од пролетната акција за садење на садници во градското зеленило.
Наша денешна локација !? Зеленилото на кружниот тек на булевар Македонска војска. Нови садници од видовите: хамаципарис елводи, буксус, лаванда, нандина, берберис и вибурнум засадивме во зеленилото давајќи разноликост и композитна целина на кружниот тек на булеварот.
Страничното зеленило на бул.11 Октомври го збогативме со садници од видот прунус.
Украсната хортензија е таа која од денес разиграно се забележува низ дрворедот долж средишната жардиниера на булевар Партизански одреди.
Денес во цветното разубавување на градот свој придонес дадоа и вработени од администрацијата, засадувајќи виола во рунделата во Градски парк.