Завршните активности од проектот Градење капацитети за еко-системи базирано намалување на ризиците од катастрофи, го опфати и потпишувањето на Меморандумот за разбирање за демонстрација на хидро-сеење.

Денес в.д. директорот Сефи Шабани оствари средба со д-р Тору Инада од јапонската агенција за развој “Џајка”, на која го потпишаа меморандумот, кој опфаќа хидро-сеење на косините во критичните зони со ерозија на планината Водно. Проектот ќе демонстрира техники на хидро-сеење кои овозможуваат зачувување на почвата и рано обновување на вегетацијата во областа на планината Водно.

Целта на овој проект е да се развие модел за намалување на ризикот од катастрофи (Eco-DRR) базиран на екосистемски мерки против поплави, лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и шумски пожар со користење на повеќе функции на шумите.

Благодарност за соработката и заложбите во име на заштитата на животната средина и шумите, кои се од преголемо значење за градот.

Share