Со 24 декоративни зимзелени садници, од видот thyja piramidalis orientalis aurea, го уредивме булеварското зеленило во Порта Влае заедно со директорот Зухејр Реџепи и заменик управителот на Флораком Нусрет Гани, што беше доволен мотив за екипите од тој реон да го комплетираат хортикултурното уредување на овој дел од булеварот.
Директорот Зухејр Реџепи заедно со Горан Башевски, управител на Луна Дооел, исто така дадоа свое учество во засадувањето на нискостеблестите растенија, од видот нандина, на бул.Гоце Делчев. Уредувањето со нови видови на растенија комплетно се вклопува на средишното булеварско зеленило, формирајќи убава зелена композиција.
Концептот за раззеленување на јавните површини го реализираме секојдневно. Денешната агенда ја зацртавме со садење на нандина на булевар Партизански одреди, прунус на булевар М.Теодосиј Гологанов и фотинија на средишното зеленило долж булеварот Никола Карев. На активностите се приклучи директорот Зухејр Реџепи заедно со шефот на кабинет Реџеп Адеми. Посветеноста и трудољубивоста се водилки кои
Ова е само дел од вандализмот во Градскиот парк на уништување на јавните добра низ зелените површини. АПЕЛИРАМЕ до сите посетители да внимаваат и совесно се однесуваат кон поставената урбана опрема и споменици низ јавните површини.
Сончевите мартовски зраци овозможуваат непречено разубавување на зеленилото во градот. Денес директорот Зухејр Реџепи заедно со управителот Игор Чоневски засадија цвеќе во цветните леи на кружниот тек во Порта Влае и булевар Гоце Делчев. Убавите бои веќе се забележуваат низ зелените површини.
Во градот Скопје повеќе нема заборавени населби. Секој граѓанин има право на модерен град, уредена населба и еднакви можности. Со гордост сакам да најавам дека започнува изградбата на нов мега-парк кој во соработка меѓу општина Чаир и градот Скопје, се протега на просторот на ул.Македонско Косовска Бригада од крстосницата со Втора Македонска бригада до крстосницата
Денес директорот Зухејр Реџепи со задоволство ги поддржа теренските екипи во засадувањето на нови зимзелени и листопадни садници, на бул.Александар Македонски. Новонасадените садници од видот туја смарагд и багрем, се вистинско освежување за овој дел од булеварското зеленило.
Во кругот на Зоолошката градина на Град Скопје, денеска засадивме најразлични цвеќиња, го разубавивме просторот и го одбележавме Националниот ден на цвеќето во организација и во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ и вработените во ЈУ Зоолошката градина. На овој ден што се одбележува под мотото „Засади цвет за поубав свет“ имавме можност да слушнеме
Поради најавите од УХМР за нестабилоно време со  поројни дождови, грмежи и засилен ветар, ги информираме граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, за да се избегнат несакани последици. Доклоку забележите паднато дрво ве молиме да пријавите во ЦУК  на тел.112, или на дежурните телефони објавени на веб страната на претпријатието.
Нови зимзелени садници од видот чемпрес денес засадивме во општина Аеродром и Карпош, додека со туја смарагд го облагородивме зеленилото во општина Гази Баба, Аеродром, Центар, Кисела Вода, Чаир и Бутел. Продолжуваме со активностите за раззеленување и уредување на зелената карта на Скопје.