Директорот Сефи Шабани денес направи увид на терен за состојбата на зеленилото низ реоните за тоа како се одвиваат активностите на косење на тревата.
Масовното косење на нараснатата трева периодов го вршиме секојдневно со зголемен интензитет.
Со максимално ангажирање на сите расположиви ресурси посветено ги реализираме пролетните активности, со цел уредени и чисти јавни зелени површини.
Share