Поради здравствени предизвици денес си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП Паркови и Зеленило. И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција.На новото раководство му посакувам успешна и плодна работа. Со почит З.Реџепи
Рубиновата нијанса на фотинијата од денес се забележува низ зелениот појас на булевар ,,Јане Сандански".
Пролетно разубавување на жардиниерите на плоштад „Скендербег".
Завршни активности на проектот Градење капацитети за еко-системи базирано намалување на ризиците од катастрофи. Директорот Зухејр Реџепи оствари средба со претставник од јапонската агенција за развој "Џајка", на која се разгледаа завршните активности на проектот, кој опфаќа развој на модел против поплави, лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и шумски пожари на веќе определени локации
Дел од вработените на претпријатието учествуваа во донирање облека, поддржувајќи ја акцијата по повод Недела на солидарноста што ја организира Црвениот крст на град Скопје. Човекова доблест кон која треба да се стремиме е меѓусебно помагање и дарување. Благодарност до сите кои донираа.
Убавото време ни овозможи да реализираме уште една заедничка акција со нашите пријатели од Градската библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Скопје. Учениците од ОУ ,,Коле Неделковски" и СУГС ,,Георги Димитров,, заедно со директорката Снежана Стојчевска засадија зимзелени садници и цвеќе, разубавувајќи го зеленилото во Паркот на поезијата во кругот на библиотеката.
Неделата ја започнуваме со одбележување на Светскиот ден на книгата со садење на садници и цвеќе. Директорот Зухејр Реџепи заедно со директорката на градската библиотека ,,Браќа Миладиновци” Снежана Стојчевска, во библиотеката ,,Другарче” засадија зимзелени садници и цвеќе во дворот на библиотеката. Нека желбата за постојана едукација расте и престојот во зелениот простор на библиотеката е
Денес во СРЦ Сарај го одбележавме Денот на планетата Земја Во соработка со ЈП Комунална хигиена, децата од градинката "Филиз" и средното училиште "Сарај", садеа цвеќе со градоначалничката Данела Арсовска и директорот Зухејр Реџепи. Дечињата цртаа на еко-теми, учеа низ игра со селектирање отпад и беа дел од еко-едукација за подигнување на свесноста за важноста
Денес ја заокружуваме пролетната акција на садење садници заедно со Стопанска банка. На локација во центарот на градот и на кејот на Вардар, претставници од претпријатието и претставници од менаџментот на банката засадија нови садници од видот липа и црвен јавор, давајќи свежина на зелените простори. Благодарност до Стопанска банка за придонесот во облагородувањето на