Зухејр Реџепи избран за директор на ЈП Паркови и зеленило Со Решение за избор на директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје бр.04-716/1 од 11.04.2023 година, согласно Законот за локална самоуправа и Законот за јавни претпријатија, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го назначи досегашниот ВД директор Зухејр Реџепи за директор на претпријатието, со
Со украсни садници од видот туја го уредуваме средишното зеленило на булевар Партизански одреди во населба Карпош 3.
После дождливиот период деновиве и растот на тревата низ градот, нашите теренски екипи оваа работна недела започнаа со косење на зеленилото кај клучката Детелинка на бул. Никола Карев, како и низ булеварите и парковите во целото градско подрачје.
Денес по повод 7 април, светскиот ден на здравјето, директорот Зухејр Реџепи заедно со директорот на Заводот за физикална медицина и рехабилитација Мики Филев и главната сестра Данка Димитровска засадија млади листопадни и зимзелени садници, разубавувајќи го зеленилото во дворот на заводот. Нашиот влог во грижата за зеленилото е наша одговорност, но и придонес за
Косење и собирање откос на средишното и странично зеленило на бул.Босна и Херцеговина се дел од денешните активности на екипите од тој реон.
Косење и уредување на средната жардиниера на бул. Партизански Одреди.
За непречено и прегледно одвивање на сообраќајот денес отпочнавме сo кастрење на надвиснатите гранки на дрвјата, долж бул. Партизански одреди, од кај мостот Влајко, долж коловозот, на пешачките и велосипедските патеки. Акцијата се реализира по налог на Град Скопје, а предвидена е да се одвива и наредите денови.
Косење на тревните површини и садење на цвеќе на булевар Александар Македонски се денешните активности на екипите од тој реон.