Зухејр Реџепи избран за директор на ЈП Паркови и зеленило
Со Решение за избор на директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје бр.04-716/1 од 11.04.2023 година, согласно Законот за локална самоуправа и Законот за јавни претпријатија, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го назначи досегашниот ВД директор Зухејр Реџепи за директор на претпријатието, со мандат од четири години.
Честитки и продолжуваме посветено да работиме во остварување на нашата мисија за чисто и зелено Скопје под раководство на директорот Зухејр Реџепи.