Убавото време ни овозможи да реализираме уште една заедничка акција со нашите пријатели од Градската библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Скопје.
Учениците од ОУ ,,Коле Неделковски” и СУГС ,,Георги Димитров,, заедно со директорката Снежана Стојчевска засадија зимзелени садници и цвеќе, разубавувајќи го зеленилото во Паркот на поезијата во кругот на библиотеката.
Share