Денес екипите спроведоа акција за кастрење на дрворедот на бул. 8 ми Септември, каде директорот Сефи Шабани ги поздрави и охрабри теренските екипи, во извршување на работните задачи.
Со акцијата на потег од мостот на истоимениот булевар сé до раскрсницата со бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, ќе се овозможи ослободување на пешачките и велосипедски патеки од надвиснатите гранки за непречено движење долж патеките.
Со засилен ангажман секојдневните активности ги реализираме како во делот на косење на тревните површини, така и во одржување на целата вегетација низ градското зеленило.
Share