Денес сите наши екипи спроведоа голема акција за косење низ целото зеленило во градот.
По дождливото време и интензивниот раст на тревата екипите на претпријатието вонредно се мобилизираа за косење на тревата и уредување на зеленилото.
Се косеше со полн капацитет во сите реони и пунктови, а со акцијата беа опфатени зелените површини во сите скопски општини.
Директорот Сефи Шабани денес беше присутен на терен заедно со работниците, при што им даде поддршка во активностите и направи увид во состојбата со зеленилото .
ЈП Паркови и зеленило посветено стои на својата мисија за чисто и зелено Скопје и за задоволство на граѓаните!