Почитувани,

Дискриминаторскиот однос на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје е недозволив.

Во продолжение интегрален текст од моето обраќање на прес-конференцијата во Градот Скопје:

– На минатата седница имаше скандал за кој сакав да се осврнам на оваа седница но бидејќи од говорницата не ми беше дозволено да ѝ порачам на Марија Андонова дека и следните избори ќе ги загубат затоа што минатата седница се исмева затоа што се обратив на македонски јазик.

Ме исмеа затоа што го почитувам македонскиот јазик, ќе ги изгубат изборите затоа што дискриминираат и деградираат, го дискредитираат секој што е различен од нив, секој што зборува на различен јазик, не се демократи туку се диктатори.

Нека им служи на чест што не знаат да го почитуваат моето обраќање на македонски јазик, јас го почитувам македонскиот јазик повеќе од нив, а тие се исмеваат.

Денес не ми беше овозможено да зборувам од оваа говорница, се потврди и начинот на делување на Трајко Славески кој дискриминаторно ми го одзема зборот.

Срамота е за координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска да дофрли од место дека не вреди да ме гледа и слуша и да излезе од салата, тоа само го докажува нетрпението на ВМРО-ДПМНЕ кон нас Албанците и сите различности.

Со почит,
Зухејр Реџепи
В.д директор на ЈП “Паркови и зеленило” – Скопје.

Линк – https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/861864144934819

Share