Денес, со дел од менаџментот и претставници од Стопанска банка, зедно со директорот Реџепи Зухејр и претставници од Градот Скопје засадивме 28 дрвја од видот јапонска цреша на зеленилото на ул. Кеј 13 Ноември.
Новите млади садници се донација од банката, кои се дел од планираните активности за садење садници на повеќе локации низ зеленилото во градот.
Заедничката соработка ја продолжуваме и во наредните месеци како пример и поттик за сите останати компании кои можат да придонесат во заложбите за здрава и чиста животна средина.

Share