Денес ни беше чест и задоволство што учествувавме во регионалната иницијатива „Дрво на пријателството“ која се одржува трета година по ред и во нашата земја, во организација на AirCare – Air Quality & Pollen App со помош на European Fund for the Balkans

Во денешната акција која истовремено се одржува во повеќе градови во регионот, засадивме 100 нови дрвја од видот платан и јавор во паркот на ул.Есенинова во Кисела Вода заедно со екоактивистите.

Продолжуваме понатаму, несебично и секогаш да ја даваме нашата силна поддршка на ваквите акции за зазеленување на градот со единствена цел чиста и здрава животна средина.

Share