Проектите за уредување на зелените површини низ градот и понатаму се на листата на приоритети за хортикутурно разубавување на јавнните површини. Во таа насока, теренските екипи изминативе денови започнаа со активности за уредување на бул.АСНОМ започнувајќи од улица Беласица. Станува збор за уредување на странично зеленило на булеварот, како и на средишната жардиниера поставена поради новото сообраќајно решение, со вкупна површина од 2.046м². Уредувањето на површината ќе се одвива етапно, во кое ќе се опфати прекопување на површината, нанесување плодна почва, ќе се и постави систем за наводнување, садење нова вегетација и подигнување тревник. Предвидено е засадување на листопадни и зимзелени дрвја и грмушки кои се приспособени на нашето поднебје, а со тоа нивниот раст целосно да се вклопи во предвидениот простор.
Автор: parkovi
-
Реализирана пролетната работна акција во општина Карпош
Во организација на Град Скопје и во кординација со сите градски јавни претпријатија, пролетната акцијата за средување на градот се одвива според однапред планираните активности. Неделава во Карпош беше опфатено зеленилото долж булеварите: 8ми Септември, Илинден, Партизански одреди, ул.Никола Парапунов, М.Т.Гологанов, Васил Чакаларов, на ул.Московска, ул.Јури Гагарин и ул.Рузвелтова.Секторот Дрвореди по Решенијa издадени од Секторот за комунални работи на Град Скопје, реализираше 22 решенија и извршија кастрење на 56 дрвја и сечење на 25 дрвја. Исто така на посочените локации останатите екипи го уредуваа зеленилото, односно косеа тревна површина и собираа откос, кастреа грмушки, собираа лисја, хартија и отпадоци. Оваа пролетна акција наредната недела продолжува во општина Аеродром.
-
Започнаа активностите на екипите во општина Карпош
Почнувајќи од денес па се до 01.04.2022 година, продолжуваат активностите на нашите екипи за средување и уредување на јавните зелени површини на територија на општина Карпош. Пролетната акција во организација на Град Скопје, а во соработка со градските јавни претпријатија, досега се одвива според планиранто, каде изминатата недела успешно се реализира во општина Кисела Вода. Согласно, планот за работни активности во општина Карпош со акцијата наши екипи денес започнaa на бул.„8ми Септември“ потег од кај поранешна „Алумина“ се до С.Ц „Борис Трајковски“. Со теренските активности се изврши расчистување на зеленилото од отпадоци, смет, шут и гранки, косење на тревни површни, кроење на грмушки, утовар на истото, како и планирани активности на кастрење/сечење на дрвја по издадено Решение од страна на Град Скопје, каде што денес се искастри едно дрво, а 8 дрвја се исекоа. Со пролетната акција во наредните денови во оваа општина ќе биде опфатено и зеленилото долж бул.„Илинден“,бул.„Партизански одреди“, бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ како и ул.„Никола Парапунов“ и ул.„Јури Гагарин“. Интензитетот на работните активности е во согласност со утврдениот дневен распоред за работа, вклучувајќи механизација од камиони, дигалка, ѓубретарка, косилки и тримери.
-
Реализирана акцијата во општина Кисела Вода
Планираните и координаирани активности на теренските екипи за пролетно средување и уредување на зелените површини опфатени со Акцијата во организација на Град Скопје, а во соработка со сите градски јавни претпријатија, која оваа недела започна и се одвиваше на територија на општина Кисела Вода, успешно се реализира. Поволните временски услови овозможија тековно, истата да се изведе целосно според зацртаните активности.
На повеќе локации почнувајќи од бул.„Борис Трајковски“, потоа на ул.„Јустинијан Први“, продолжувајќи на ул.„Михаил Чахов“ и ул.„Христо Татарчев“ па се до површини на ул.„Павел Шатев“, каде денес се извршија планираните активности согласно предвидениот распоред, и тоа: собирање на лисја, косење трева, собирање на отпадоци и смет, утовар, кроење на грмушки како и кастрење на 8 дрвја по издадени Решенија од Град Скопје. Воедно, во рамките на оваа акција се работеше на собирање на лисна маса од тревниците, на делови од зеленилото се изврши косење на тревниците, собирање на откос, се кроеше вегатцијата, а се обликуваа и оформуваа грмушките. Исто така, со акцијата се реализиаа и активности на кастрење и сечење на дрвја за кои има издадено Решение од страна на Град Скопје. Во агендата на Акцијата од понеделник 28.03. се до 01.04.2022г. активностите ќе продолжат во општина Карпош.
-
Зелен коридор на ул.„Лазар Личеноски“
Дел од активностите кои во овој пролетен период ги извршуваат нашите екипи, се припремата и подготовката на подигање и уредување на јавни зелени површини, на неколку локации во градот. Насочувајќи се на планираните активности во уредување на зелените површини деновиве, теренските екипи по налог на Град Скопје, отпочнаа со расчистување на површината и формирање на зелен коридор на ул.„Лазар Личеновски“. На површина од 310м² во тек се одвива обработување на површината, се нанесува плодна почва, по што ќе следи поставување на систем за полевање и подигање тревник. Комплетното хортикултурно уредување ќе се финишира со засдаување на зимзелени и листопадни садници, украсни грмушки каде што истите соодејствуваат на дадениот простор.
Истовремено, на зеленилото кај крстосницата меѓу улицата „Бутелска“ и улицата „Призренска“ во близина на црквата „Св.Јован Крстител“ екипите работат на уредување на површина од околу 790м². Хортикултурното уредување ќе опфати неколку етапи, каде веќе е опточнато со расчистување и отстранување на шут и смет. На посочената локација ќе се изврши и прекопување на постојната почва, по што ќе се нанесе нова квалитетна почва, ќе се инсталира систем за полевање, а ќе се засади вегетација и подигне тревник.
-
Пролетна акција организирана од Град Скопје
Денот на пролетта го одбележуваме со голема акција за средување на сите скопски општини, во организација на Град Скопје и во координација со сите градски јавни комунални претпријатија. Акцијата започна рано утрово на бул.Борис Трајковски во општина Кисела Вода каде нашите екипи вршат кастрење на дрворедите и сечење на дрвјата за кои има издадено Решение, како и средување на зеленилото. Директорот Ангеле Сотировски го поздрави почетокот на акцијата и изврши увид во активностите заедно со градоначалничката Данела Арсовска и директорите на јавните претпријатија. До крајот на неделава екипите во Кисела Вода ќе вршат собирање лист, косење, кроење на грмушки, чистење на зелените површини, садење садници и кастрење и сечење на дрвјата. Утре продолжуваме на ул. Јустинијан Први, во среда на ул.Михаил Чаков, во четврток на ул.Христо Татарчев и во петок завршуваме на ул.Павел Шатев.Од наредната недела акцијата продолжува во општина Карпош, а ќе заврши на 27 мај откако ќе бидат опфатени сите скопски општини.
-
Нови објекти во реон Рајски Парк!
Она на што изминатиов период нашите екипи работеа се новите парковски елементи во реонот Рајски Парк во населбата Ново Лисиче. На местото на постоечките павилјони, кои изминатиот период беа мета на вандалско уништување од страна на несовесни сторители, екипите изработија и поставија нови дрвени објекти. Истовремено, се изработија нови комплети на клупи и маси, корпи за отпадоци, дрвена куќичка за деца и рекреативни елемени. Истите, се целосно обложени со средство за заштита од надворешни атмосферски влијанија, а на горниот дел на павилјоните се постави и шиндра. Распоредени низ зеленилото на повеќе локации, тие претставуваат составен дел од уредувањето на паркот, како неопходни парковски елементи за посетителите. Ваквите активности кои се во соработка и по налог на Град Скопје, ги извршуваме за овозможување на уредени урбани средини и паркови, кои на граѓаните ќе им овозможат пријатен престој и релаксација во природа.
-
Екипите на терен во расчистување на снегот
Обилните снежни врнежи викендов ги интензивираа активностите на нашите екипи. Секторот „Дрвореди“ работејќи и во вечерните часови, вршеа расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации низ скопските општини. На најкритичните места онаму каде што имаше паднато дрвја врз сообраќајниците се интервенираше веднаш, заради обезбедување на непречено одвивање на сообраќајот. Поради постојаните дојави за паднати дрвја и гранки кои ги добиваме од граѓани и од Центарот за управување со кризи, екипите во текот на викендот интервенираа на дел од пријавите, а во теков на денешниот ден продолжуваат со расчистување и на останатите локции низ зеленилото каде има паднати дрвја и гранки. Согласно временските услови екипите остануваат активни и во наредните денови со активностите, во неопходноста за итни интервенции. Доколку граѓаните забележат паднато дрво да го пријават во ЦУК или на телефонскиот број објавен на нашата веб страна.
-
Масовна акција за чистење по повод роденденот на претпријатието
Роденденот на нашето претпријатие први Март, оваа година го одбележивме сo голена акција за чистење во кругот на претпријатието. Сите вработени заедно со директорот Сотировски распределени во групи на повеќе локации во кругот на претпријатието, го чистеа зеленилото од избојци, отпадоци и смет. Во акцијата беше вклучена и механизација при што се изврши кастрење на гранки, сечење на диво израснатата вегетација и утовар на шутот.
Трудољубивоста на сите вработени и овој пат се покажа како движечка сила и мотив за реализирање на уште повеќе вакви акции. Сепак целта на оваа акција е да дадеме пример и сите заедно да придонесеме во зачувувањето и грижата за хигиената на нашата најблиска околина, а со тоа и во напорите за подигање на еколошката свест кај секој поединец за почиста животна средна.
Како претпријатие чија што дејност е грижата за јавните зелени површини, секогаш сме на страната и поддршката за вакви почести активности кои неминовно треба да се приоритет на сите нас.
























