Почнувајќи од денес па се до 01.04.2022 година, продолжуваат активностите на нашите екипи за средување и уредување на јавните зелени површини на територија на општина Карпош. Пролетната акција во организација на Град Скопје, а во соработка со градските јавни претпријатија, досега се одвива според планиранто, каде изминатата недела успешно се реализира во општина Кисела Вода. Согласно, планот за работни активности во општина Карпош со акцијата наши екипи денес започнaa на бул.„8ми Септември“ потег од кај поранешна „Алумина“ се до С.Ц „Борис Трајковски“. Со теренските активности се изврши расчистување на зеленилото од отпадоци, смет, шут и гранки, косење на тревни површни, кроење на грмушки, утовар на истото, како и планирани активности на кастрење/сечење на дрвја по издадено Решение од страна на Град Скопје, каде што денес се искастри едно дрво, а 8 дрвја се исекоа. Со пролетната акција во наредните денови во оваа општина ќе биде опфатено и зеленилото долж бул.„Илинден“,бул.„Партизански одреди“, бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ како и ул.„Никола Парапунов“ и ул.„Јури Гагарин“. Интензитетот на работните активности е во согласност со утврдениот дневен распоред за работа, вклучувајќи механизација од камиони, дигалка, ѓубретарка, косилки и тримери.