Обилните снежни врнежи викендов ги интензивираа активностите на нашите екипи. Секторот „Дрвореди“ работејќи и во вечерните часови, вршеа расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации низ скопските општини. На најкритичните места онаму каде што имаше паднато дрвја врз сообраќајниците се интервенираше веднаш, заради обезбедување на непречено одвивање на сообраќајот. Поради постојаните дојави за паднати дрвја и гранки кои ги добиваме од граѓани и од Центарот за управување со кризи, екипите  во текот на викендот интервенираа на дел од  пријавите, а во теков на денешниот ден продолжуваат со расчистување и на останатите локции низ зеленилото каде има паднати дрвја и гранки. Согласно временските услови екипите остануваат активни и во наредните денови со активностите, во неопходноста за итни интервенции. Доколку граѓаните забележат паднато дрво да го пријават во ЦУК или на телефонскиот број објавен на нашата веб страна.

Share