Она на што изминатиов период нашите екипи работеа се новите парковски елементи во реонот Рајски Парк во населбата Ново Лисиче. На местото на постоечките павилјони, кои изминатиот период беа мета на вандалско уништување од страна на несовесни сторители, екипите изработија и поставија нови дрвени објекти. Истовремено, се изработија нови комплети на клупи и маси, корпи за отпадоци, дрвена куќичка за деца и рекреативни елемени. Истите, се целосно обложени со средство за заштита од надворешни атмосферски влијанија, а на горниот дел на павилјоните се постави и шиндра. Распоредени низ зеленилото на повеќе локации, тие претставуваат составен дел од уредувањето на паркот, како неопходни парковски елементи за посетителите. Ваквите активности кои се во соработка и по налог на Град Скопје, ги извршуваме за овозможување на уредени урбани средини и паркови, кои на граѓаните ќе им овозможат пријатен престој  и релаксација во природа.

Share