Планираните и координаирани активности на теренските екипи за пролетно средување и уредување на зелените површини опфатени со Акцијата во организација на Град Скопје, а во соработка со сите градски јавни претпријатија, која оваа недела започна и се одвиваше на територија на општина Кисела Вода, успешно се реализира. Поволните временски услови овозможија тековно, истата да се изведе целосно според зацртаните активности.

На повеќе локации почнувајќи од бул.„Борис Трајковски“, потоа на ул.„Јустинијан Први“, продолжувајќи на ул.„Михаил Чахов“ и ул.„Христо Татарчев“ па се до површини на ул.„Павел Шатев“, каде денес се извршија планираните  активности согласно предвидениот распоред, и тоа: собирање на лисја, косење трева, собирање на отпадоци и смет, утовар, кроење на грмушки како и кастрење на 8 дрвја по издадени Решенија од Град Скопје. Воедно, во рамките на оваа акција се работеше на собирање на лисна маса од тревниците, на делови од зеленилото се изврши косење на тревниците, собирање на откос, се кроеше вегатцијата, а се обликуваа  и оформуваа грмушките. Исто така, со акцијата се реализиаа и активности на кастрење и сечење на дрвја за кои има издадено Решение од страна на Град Скопје. Во агендата на Акцијата од понеделник 28.03. се до 01.04.2022г. активностите ќе продолжат во општина Карпош.

 

Share