Проектите за уредување на зелените површини низ градот и понатаму се на листата на приоритети за хортикутурно разубавување на јавнните површини. Во таа насока, теренските екипи изминативе денови започнаа со активности за уредување на бул.АСНОМ започнувајќи од улица Беласица. Станува збор за уредување на странично зеленило на булеварот, како и на средишната жардиниера поставена поради новото сообраќајно решение, со вкупна површина од 2.046м². Уредувањето на површината ќе се одвива етапно, во кое ќе се опфати прекопување на површината, нанесување плодна почва, ќе се и постави систем за наводнување, садење нова вегетација и подигнување тревник. Предвидено е засадување на листопадни и зимзелени дрвја и грмушки кои се приспособени на нашето поднебје, а со тоа нивниот раст целосно да се вклопи во предвидениот простор.

Share