Во организација на Град Скопје и во кординација со сите градски јавни претпријатија, пролетната акцијата за средување на градот се одвива според однапред планираните активности. Неделава во Карпош беше опфатено зеленилото долж булеварите: 8ми Септември, Илинден, Партизански одреди, ул.Никола Парапунов, М.Т.Гологанов, Васил Чакаларов, на ул.Московска, ул.Јури Гагарин и ул.Рузвелтова.Секторот Дрвореди по Решенијa издадени од Секторот за комунални работи на Град Скопје, реализираше 22 решенија и извршија кастрење на 56 дрвја и сечење на 25 дрвја. Исто така на посочените локации останатите екипи го уредуваа зеленилото, односно косеа тревна површина и собираа откос, кастреа грмушки, собираа лисја, хартија и отпадоци. Оваа пролетна акција наредната недела продолжува во општина Аеродром.

Share